Ekipa
31 Јули 2019•Ажурирај: 01 Август 2019
АНКАРА (АА) - Претставникот на опозицискиот лидер на Венецуела во Соединетите Американски Држави (САД) изјави дека Владата и опозицијата ќе ги продолжат преговорите оваа недела со цел решавање на политичката криза во таа јужноамериканска земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сепак, според „Вашингтон пост“, Карлос Векчио не го прецизира датумот и местото на состанокот.
Говорејќи во Националниот прес-клуб во Вашингтон, Карлос Векчио изјави дека очекува решавање на безизлезната состојба до крајот на годината, додавајќи дека венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, е „пречка за мирот“ и дека тој мора да го напушти Кабинетот.
Спречени од венецуелската армија и оспорувањето на неговиот легитимитет од страна на народот, делегацијата на опозицискиот лидер Хуан Гваидо учествуваше во преговорите со венецуелската Влада во Осло и Барбадос.
Иако преговорите во Осло во мај не вродија со плод, страните допрва треба да дадат јасна изјава за содржината на преговорите во Барбадос одржани на почетокот од овој месец.
Додека Гваидо ја одржува својата остра реторика против Владата и покрај тековните „мировни преговори“, Мадуро и неговата делегација го карактеризираат процесот на дијалог за успешен.
- Русија нема да учествува на состанокот во Перу -
Министерството за надворешни работи на Русија објави дека Москва нема да учествува на одвоениот меѓународен состанок за политичката криза во Венецуела, кој треба да се одржи во Лима, Перу, на 6 август.
„Русија внимателно ги анализирше целите и задачите поставени од организаторите и има голем број сериозни сомнежи“, се вели во соопштението на Министерството.
„Прво, ние не сме убедени во исправноста на пристапот со кој ќе се дискутира за „проблемите на демократијата“ во Венецуела без Венецуелците, претставени од Владата на Мадуро и другите политички сили“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на одлуката на Перу да не ја покани Владата на Венецуела и опозицијата за „спречување на поларизација“.
„Не сме сигурни дека еднодневната средба со декларирано учество на околу 100 делегации, со различни позиции, може да ги одреди мерките за вистинска помош при изнаоѓање решенија за сложените проблеми со кои се соочува оваа земја“, се додава во соопштението.
На почетокот од овој месец, Перу покани 100 земји, вклучително и Турција, Русија и Кина да присуствуваат на состанокот за политичката криза во Венецуела.
Политичкото во Венецуела трае од 10 јануари.
Гваидо во јануари се самопрогласи за претседател на Венецуела, отфрлајќи го реизборот на Мадуро во 2018 година, велејќи дека е измама, а потегот беше признат од повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги и САД.
Венецуелските државни институции, како и војската, го поддржаа Мадуро.
Русија, Турција, Кина, Иран, Боливија и Мексико, исто така, го поддржаа Мадуро како легитимен лидер на земјата.