Gökhan Ergöçün
09 Јули 2021•Ажурирај: 10 Јули 2021
ИСТАНБУЛ
Бројката на луѓето на возраст од 80 години и повеќе во вкупното население на земјите во ЕУ е зголемена за 73,5 отсто во последните 20 години - од 3,4 отсто во 2001 година на 5,9 отсто во 2020 година, соопшти Одделот за статистика на Блокот со 27 членки, пренесува Агенција Анадолија (АА):
„Зголемена е и просечната возраст на мајките при раѓањето на нивното прво дете: од 28,8 години во 2013 година на 29,4 години во 2019 година“, соопшти Евростат.
Во соопштението се додава: „Бројката на живородени деца од мајки над 40 години во ЕУ е двојно зголемена: од 2,4 отсто во 2001 година на 5,4 отсто во 2019 година.“
Новообјавената статистика покажа дека населението во ЕУ расте од почетокот на милениумот - најмногу поради миграцијата, но овој тренд на пораст е прекинат минатата година, кога поголемиот дел од населението беше заразено со коронавирусот.
Од почетокот на 2021 година, вкупното население во ЕУ се намали на 447 милиони - од 447,3 милиони на 1 јануари 2020 година.
Податоците исто така покажаа дека Мароканците и Албанците се најголемите две групи кои се стекнале со државјанство од земјите членки на ЕУ во периодот од 2014 до 2019 година, а турските граѓани биле трети до 2018 година.
„Сепак, во 2019 година британските граѓани го зазедоа третото место“, се додава во извештајот, нагласувајќи го ефектот на Брегзит.