Emre Gürkan Abay
01 Декември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
МОСКВА (AA) - Најмалку 15 лица загинаа во превртување на патнички автобус на подрачјето на Трансбалкал, на југот на Сибир, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството за вонредни ситуации на Русија е наведено дека во автобусот се наоѓале 43 патници. Потврдија дека автобусот се свртел бидејќи возачот ја загубил контролата над возилото.
Според прелиминарните податоци, загинаа 15, а хоспитализирани се 18 лица. На местото на настанот се полицијата и екипите на брза помош.