Emre Gürkan Abay
03 Март 2022•Ажурирај: 04 Март 2022
МОСКВА (АА) ‒ Руската Дума, Долниот дом на Парламентот, го одобри предлог-законот кој предвидува затворска казна до 15 години за оние кои „шират лажни информации“ за војната во Украина, известува Агенција Анадолија (АА).
Според предлог-законот, затворски и парични казни следат за лицата кои шират лажни вести за рускиот напад на Украина.
И покрај тоа што се предвидува дека оние кои намерно шират лажни вести ќе бидат осудени на 10 години затвор, казната може да биде и до 15 години доколку веста има „значителни последици“.
Исто така, предлог-законот предвидува казни до 5 милиони рубљи (околу 42 илјади долари) за оние кои шират лажни вести. За да стапи во сила, предлог-законот мора прво да биде одобрен од Советот на Федерацијата, а потоа и од рускиот претседател Владимир Путин.