Ali Cura
05 Октомври 2018•Ажурирај: 06 Октомври 2018
МОСКВА (АА) - Во близина на рускиот главен град, Москва, се урна воен авион од типот „МИГ-29“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Руската информативна агенција ТАСС објави вест базирана на изјави на официјални претставници, во која се вели дека од засега непознати причини, во близина на Москва се урнал воен авион од типот „МИГ-29“.
Во веста се вели дека и двајцата пилоти што се наоѓале во авионот се спасиле благодарение на системот за катапултирање.
Воениот авион од типот „МИГ-29“ кој започна да се произведува уште во времето на Советскиот Сојуз, познат е по своите способности за маневрирање. Авионите „МИГ-29“, кои се основната ловечка моќ на руските воздухопловни сили, имаат капацитет да носат 6 нуклеарни бомби.
Уредот за катапултирање на авионот е функционален и на висина од 200 метри од земјата.