Kasım İleri
20 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Авионот од типот Ф-35 А на американските воздушни сили падна на подрачјето на Флорида во САД, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Базата на воздушните сили Еглин на Флорида се наведува дека авионот на 58. флота паднал во 21.30 часот по локално време, за време на рутински лет при обид да слета.
Пилотот успеал да се катапултира, а истрагата е во тек.
Минатата недела падна и авион Ф-22 Раптор кој полета од истата база.
Вниманието на јавноста го привлече фактот дека во многу краток временски рок во истата база паднале особено скапоцени летала на американските сили.