Ali Cura
02 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
МОСКВА (АА) - Во Сирија е успешно тестиран рускиот противракетен систем „S-500“, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Иако за време на тестирањето на противракетниот систем „S-500“ дојде до низа потешкотии, овие проблеми се брзо решени“, јавува рускиот весник „Известија“, повикувајќи се на извори од Министерството за одбрана на Русија.
Се наведува дека тестирањето на системот во оваа фаза е завршено и се смета за успешно.
Претходно, рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека испораката на системот „S-500“ на Руската војска ќе започне во 2020 година.
Тој додаде дека е прекинато производството на 12 видови оружје, чии тестови спроведени за време на операциите во Сирија биле неуспешни.