Ferdi Bayat
04 Мај 2023•Ажурирај: 04 Мај 2023
КАИРО (АА) - Во сообраќајната несреќа што се случи во египетската провинција Ал Вади ал Џадид животот го загубија 14 лица, а повредени се 25, известува Анадолу.
Патнички автобус и камион се судрија на патот Асјут - Хариџе во провинцијата Ал Вади ал Џадид.
Официјалните лица потврдија дека во несреќата животот го загубиле 14 лица, а 25 се повредени.
По првата интервенција на медицинските екипи што пристигнаа на местото на несреќата, 25 повредени се пренесени во околните болници.
Мухамед ез-Замлут, гувернерот на Ал Вади ал Џадид, изјави дека се вложуваат напори за отворање на патот за сообраќај, откако повредените се пренесени во болница.