Alaattin Doğru
08 Април 2021•Ажурирај: 09 Април 2021
ПАРИЗ
Францускиот Сенат го усвои Предлог-законот за општа безбедност што предизвика протести низ целата земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Предлог-законот беше одобрен со 241 глас „за“, наспроти 98 гласа „против“.
За законот да стапи на сила, тој мора да биде усвоен од Националното собрание.
Членот 22 од законот вклучува употреба на беспилотни летала од страна на полицијата и жандармеријата за следење на демонстрациите. Исто така, проширени се овластувањата на полицијата за користење снимки направени на јавни места.
Меѓу другото, членот исто така дозволува емитување видеа од демонстрации, снимени од хеликоптери или од беспилотни летала.
Одлучено е да се преуреди 24. член од Предлог-законот, кој предвидува оние што ќе ги објават снимките на безбедносните сили да бидат осудени на една година затвор и парична казна до 45 илјади евра.
Општиот закон за безбедност предизвика протести во земјата со образложение дека тоа ќе предизвика полициско насилство и ограничување на слободите.