Yusuf Soykan Bal
08 Април 2021•Ажурирај: 09 Април 2021
ИЗМИР
Турската крајбрежна стража рано утринава спаси најмалку 64 нерегуларни мигранти на егејскиот брег кај турската област Измир, јавува Агенција Анадолија (АА).
По дојавата дека групата нерегуларни мигранти се наоѓа на гумен чамец во близина на градот Дикили, Командата на крајбрежната стража спроведе акција и спаси група луѓе.
Нерегуларните мигранти изјавија дека грчките сили ги турнале во турските територијални води.
По рутинските процедури тие се префрлени во Канцеларијата за миграции.
Турција е главна транзитна рута за илегалните мигранти кои имаат за цел да преминат кон Европа за да започнат нов живот, бегајќи од војна или прогон.
Турција и групите за заштита на човековите права во повеќе наврати ја осудуваат грчката нелегална практика на враќање на барателите на азил, наведувајќи дека покрај кршењето на законот, ги загрозува и животите на ранливите мигранти, вклучувајќи ги жените и децата.