Alaattin Doğru
29 Декември 2021•Ажурирај: 30 Декември 2021
АНКАРА
Во Франција извршени се напади на две џамии во ист регион, а во градот Шато-Гонтје во регионот Мајен на една улица беа испишани расистички написи насочени кон муслиманите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите во француските медиуми, две џамии во градовите Мур и Домен биле цел на расистички напади ноќта во понеделникот.
Граѓаните, кое дошле во џамијата во Ла Мур, со која раководи муслиманската турска заедница во градот, откриле дека корпите за отпадоци пред џамијата се превртени, поштенското сандаче и рачката на вратата се оштетени, а малото турско знаме е делумно изгорено.
На ѕидот на џамијата напишани се антиисламски пораки како што се „Муслиманите се штетни“ и „Исламот надвор од Европа“.
Безбедносните сили, кои дошле на местото на настанот, започнале истрага за инцидентот.
Од друга страна, лице за кое се смета дека било под дејство на алкохол во градот Домен, на 27 декември вечерта влегло во џамијата во градот и ја оштетило околината, а на една хартиена покривка за маса напишало пораки кои го обвинуваат имамот и заедницата за поттикнување тероризам.
Напаѓачот, и покрај тоа што бил забележан од лицата кои влегле во џамијата, успеал да побегне.
Обвинителството во областа покрена истрага за нападот, а безбедносните сили истражуваат дали има поврзаност меѓу двата напади.
- Антиисламски и расистички написи
Во центарот на градот Шато-Гонтје во регионот Лоарски Крај, на ѕидовите на зградите испишани се расистички текстови насочени кон муслиманите и другите малцинства.
Властите започнаа истрага за антиисламските и расистички напади.
Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, во изјавата на својот профил на Твитер истакна дека ги поддржува муслимани во Ла Мур и Шато-Гонтје кои се навредени и дека ваквите грозоморни дела се против „вредностите на Републиката“.
– Комитетот на турските муслимански здруженија во Франција предупреди за „ескалација на исламофобија“
Во изјавата дадена од Комитетот за координација на француските турски муслимански здруженија (CCMTF) се наведува дека во последно време антимуслиманските, расистичките и ксенофобичните мислења се во пораст во земјата и дека муслиманите се изложени на директни напади.
Посочувајќи дека муслиманите се сведоци на ескалација на омраза кон нив проследена со затворање на џамиите, напади на местата за богослужба и антиисламски графити, во соопштението се бара осуда на нападите и итно откривање на сторителите.
- Во Франција се затвораат џамиите
Со „сепаратистичкиот“ закон усвоен во август, париската администрација ги заостри контролите врз муслиманските установи, местата за богослужба и познатите муслимански поединци.
Како резултат на инспекциите извршени во 99 џамии во Франција, 21 џамија се затворени, а за 6 е започната судска постапка.
Франција беше критикувана од меѓународната заедница, невладините организации и организациите за човекови права, особено од Обединетите нации, со образложение дека ги зема за цел и ги маргинализира муслиманите.