Sinan Doğan
29 Декември 2021•Ажурирај: 30 Декември 2021
БОГОТА
Во Мексико оваа година депортирани се повеќе од 4.000 нерегуларни мигранти поради нивната вмешаност во различни кривични дела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста во мексиканските медиуми, од почетокот на годината се водат постапки против имигранти за кои е утврдено дека се вмешани во многу кривични дела, вклучувајќи кражби, шверц на дрога и сексуална злоупотреба во различни делови на земјата.
Во соопштението на Националниот институт за миграција (INM) на мексиканското Министерство за внатрешни работи се истакнува дека во 2021 година се приведени 252.000 имигранти, а 4.468 од нив се депортирани откако е потврдено дека извршиле кривични дела како што се убиства, перење пари и шверц со дрога.
Во соопштението се посочува дека 320 лица се депортирани во своите земји по барање на властите. За тие лица се води истрага во нивните земји.