Atila Altuntaş
14 Август 2018•Ажурирај: 15 Август 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Во различни градови во Шведска се запалени 97 возила, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на шведската државна телевизија „SVT“ од вкупниот број запалени возила 90 се запалени во подрачјата на Фрелунда и Хјелбо, кои се наоѓаат во градот Гетеборг, 7 се запалени во подрачјето на Шерхолмен кое се наоѓа во главниот град на оваа земја, Стокхолм, 6 во градот Упсала, и по две возила се запалени во градовите Малме и Хелсинборг.
Клаес Дахлстрем, од полициската дирекција во Гетеборг, во изјава за „SVT“ истакна дека голем број полицајци и пожарникари се мобилизирани поради овие случаи.
Дахлстрем рече дека возилата биле запалени од страна на млади лица кои ги покриле своите лица, и дека до возилата се пронајдени камења и петарди.
Тој додаде дека нема повредени во овие настани и дека е започната операција за фаќање на сторителите.
Премиерот на оваа земја, Стефан Левен, изрази големо жалење поради овие случаи.
„Ја запаливте вашата иднина. Ја запаливте иднината на вашето семејство, и на сите ваши соседи. Народот треба да реагира против тоа, и да не се дозволуваат вакви случаи“, рече Лефен, апелирајќи до младите што ги запалиле возилата.
Лефен нагласи дека е можно овие случаи да се организирани напади, изразувајќи загриженост поради тоа.