Atila Altuntaş
03 Август 2023•Ажурирај: 04 Август 2023
СТОКХОЛМ (АА) - Во Стокхолм, главниот град на Шведска, повторно е оскверната светата книга на муслиманите, Куранот, јавува Анадолу.
На плажата Ангбибадет во квартот Брома во Стокхолм, 47-годишниот Бајрами Марјан, по потекло од Иран, запали примерок од Куранот под полициска заштита.
Тој порача дека треба да се уништат сите религии.
Додека Марјан го палеше примерокот од Куранот на скара, полицијата презеде безбедносни мерки во тоа подрачје.
Во јануари, Расмус Палудан, данскиот лидер на екстремната десница, запали примерок од Куранот пред турската Амбасада во Стокхолм, што предизвика осуда во исламскиот свет.