Şenhan Bolelli
15 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
МАДРИД
Во Шпанија, во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 138 лица, со што вкупниот број на починати достигна 27.459, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека по три дена повторно е забележан пад на бројот на починатите.
Во соопштението се наведува дека во текот на изминатиот ден биле забележани 549 нови случаи на заразување и дека вкупниот број на заразени се зголемил на 230.183.
Во истиот период се излекувани 1.409 лица кај кои е дијагностициран Ковид-19, со што вкупниот број на излекувани е зголемен на 144.783.
Епицентарот на Ковид-19 во Шпанија сѐ уште е Мадрид, каде што од последиците на вирусот починаа 8.809 лица, а заразени се 66.005.
Каталонија веќе два дена се појавува како шпанска автономна заедница со најголем број нови случаи на заразување, каде што во изминатиот ден се потврдени 151 нов случај на заразување со Ковид-19.
Во поголемиот дел на Шпанија на 11 мај започна првата фаза на нормализација, додека властите на Мадрид упатија барање за почеток на првата фаза од 18 мај.
Каталонските власти, поради зголемениот број на заразени лица побараа Барселона да ги задржи мерките воведени против ширењето на Ковид-19.
Барањата на автономните единици ќе бидат разгледани на денешната седница на Министерството за здравство.