Gamze Türkoğlu Oğuz
25 Април 2019•Ажурирај: 25 Април 2019
КОЛОМБО (АА) – По терористичките напади врз неколкуте цркви и хотели во Шри Ланка кои се случија за време на викендот, во земјата се воведе забрана за летање на беспилотните летала, пренесува Anadolu Agency (AA).
Управата за цивилно воздухопловство на Шри Ланка соопшти дека забраната за летање на беспилотните летала е воведена „поради актуелната безбедносна ситуација во земјата“.
Во меѓувреме, во Шри Ланка, полицијата продолжува со истрагата. Денес во главниот град Коломбо беше уништен сомнителен предмет во контејнер за ѓубре во областа Пугода, 35 километри источно од Коломбо.
На денот кога христијаните го чествуваа католичкиот Велигден, цел на терористичките напади беа црквите „Свети Антониј“ во Кочикаде, „Свети Себастијан“ во Катана и црквата „Девица Марија“ во Батикалоа, како и хотелите со пет ѕвезди „Кингсбери“, „Синамон гранд“ и „Шангри Ла“ во градот Коломбо.
По овие напади, во предградијата на главниот град Коломбо, во хотел со три ѕвезди во близина на Зоолошката градина во Дехивала и на надвозникот Дематого, исто така имаше експлозии.
Властите во Шри Ланка објавија дека при терористичките напади животот го загубија 359 лица, меѓу кои и 39 странски државјани, а повеќе од 500 луѓе беа повредени.
Терористичката организација ДЕАШ презеде одговорност за бомбашките напади.