Gökhan Kurtaran
28 Ноември 2019•Ажурирај: 01 Декември 2019
ЛОНДОН (АА) - Цените на становите во Велика Британија кон крајот на ноември се зголемија за 0,8 отсто на годишно ниво, Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението на британската агенција „Нејшнвајд“ (Nationwide) се наведува дека просечните цени на становите во земјата се зголемиле поради економска и политичка несигурност. Исто така се наведува дека во ноември цените на становите на месечно ниво се зголемиле за 0,5 отсто.
Џонатан Самуелс, главниот економист на „Октан капитал“ (Octane Capital), изјави дека цените на становите во Велика Британија, меѓу останатото, се зголемиле и поради неизвесноста предизвикана со Брегзит.
Цените на станбените недвижнини во Велика Британија во јануари оваа година паднаа на месечно ниво, по највисоката стапка од средината на 2012 година, додека на годишно ниво се зголемија со најбавно темпо во последните шест години, што исто така беше последица од неизвесноста во пресрет на Брегзит.
Британскиот пазар на станбени недвижнини слабее од изгласувањето на Брегзит на референдумот во јуни 2016 година, предвидено со падот на цените во Лондон.
Во време на референдумот, податоците на „Нејшнвајд“ (Nationwide) укажуваа на раст на цените на недвижнини за околу 5 отсто на годишно ниво.