Nour Mahd Ali Abu Aisha,Murat Tan
06 Мај 2017•Ажурирај: 07 Мај 2017
ГАЗА (AA) – Египетската администрација го отвори граничниот премин Рефа во еден правец и тоа на три дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Управа за граничните премини при Министерство за внатрешни работи во Газа соопшти дека египетските власти го отворија Рефа за враќање во Газа.
Во текот на трите дена, болните, студентите и странците кои имаат дозвола за престојување ќе може да преминат во Појасот Газа.
Управата соопшти дека околу 200.000 луѓе поднеле барање поради хуманитарната ситуација да го поминат граничниот премин.
Министерството за внатрешни работи во Газа минатиот месец го повика Египет да го отвори граничниот премин Рефа кој бил затворен 45 дена.
Египетската администрација повремено, на пократок временски период, го отвора граничниот премин Рефа кој е затворен по воениот удар на 3. јули 2013. година.