Hakan Çopur
06 Мај 2017•Ажурирај: 06 Мај 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон објави дека телефонски разговарал со својот руски колега, Сергеј Лавров, а тема на разговорот бил Договорот за формирање на зони без судири во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на американското министерство, Хетер Наурт даде писмена изјава во која истакнува дека главна тема на разговорот меѓу Тилерсон и Лавров бил Договорот кој бил постигнат за време на преговорите во Астана.
Во изјавате се истанува дека Тилерсон порачал дека во најкраток можен рок сака да се сретне со Лавров и да поразговараат за Сирија. Во изјавата се вели дека Тилерсон посочил дека за САД е многу важно да САД и Русија направат сѐ за да се постигне политичко решение во Сирија.
На преговорите во Астана, на 4. мај е потпишан договор меѓу земјите гаранти, Турција, Русија и Иран за формирање на „зони без судири” на подрачјето на Сирија.