14 Јуни 2024•Ажурирај: 15 Јуни 2024
ГАЗА (АА) - Уште едно дете почина од глад во Појасот Газа, кој е цел на брутални израелски напади и блокада, што предизвика голема хуманитарна криза, јавува Анадолу.
Десетгодишното момче Мустафа Хиџази почина од неисхранетост и недостиг на лекови во Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа.
На фотографиите од Агенција Анадолу се гледа како неутешната мајка Фатма Хиџази го држи во раце безживотното тело на момчето.
Според директорот на болницата „Камал Адван“, повеќе од 200 палестински деца се во опасност од смрт поради неисхранетост.
Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.
Над 37.200 Палестинци се убиени во Појасот Газа од 7 октомври во израелските напади.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната.