Vesna Besiç
11 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
ГАЗА (АА) - Денеска во Газа се одбележува 13-годишнината од смртта на поранешниот палестински претседател Јасер Арафат, јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број Палестинци се собраа денес во Газа во спомен на поранешниот лидер Арафат. Тие носеа знамиња и негови постери. Арафат беше на чело на Палестинската ослободителна организација повеќе од 30 години.
Палестинскиот лидер и херој Јасер Арафат почина на 11 октомври 2004 година во воената болница Перси во Париз, каде што беше хоспитализиран.
Неговата сопруга, Суха Арафат, ја предаде неговата облека на анализа во лабораторија во Лозана, Швајцарија.
Постапката беше водена во Париз, а гробот на Арафат беше ексхумиран поради истрага. Истрагата покажа дека на неговата гардероба има голема количина на радиоактивен полониум, но со сигурност не може да се каже дали ова е единствената причина за неговата смрт.