Ekip
27 Декември 2021•Ажурирај: 28 Декември 2021
ГАЗА
Министерството за внатрешни работи на Хамас во Појасот Газа денес ја одбележа 13-годишнината од израелската офанзива на палестинската територија во 2008 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството организираше церемонија за да ја одбележи годишнината, при што беше положен венец на споменикот подигнат во спомен на загинатите за време на израелскиот напад.
Повеќе од 2.000 Палестинци беа убиени во тринеделната операција на Израел, меѓу кои и десетици деца и жени. Вкупно 13 Израелци беа убиени во нападите на фракциите на палестинскиот отпор.
Речиси 200 Палестинци, главно припадници на безбедносните сили, беа убиени во првиот ден од израелската офанзива на крајбрежната енклава.
Потсекретарот на Министерството, Насер Муслех, рече дека израелската окупација сака да го сруши внатрешниот фронт на Газа и да создаде поделби меѓу безбедносните сили.
„Ќе продолжиме да одржуваме состојба на безбедност и стабилност“, рече Муслех, ветувајќи дека нема да дозволат некој да ја нарушува безбедноста на Газа под какви било изговори и во каква било форма.“
Тој ја повтори посветеноста на Министерството за заштита на отпорот и за следење на оние што соработуваат со Израел.