Ekipa
04 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
МАДРИД (АА) - Германската Влада очекува деескалација на ситуацијата во Шпанија, а нејзиниот портпарол изјави дека конфликтот околу независноста на Каталонија е внатрешна работа на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Запрашан во врска со прекумерното полициско насилство за време на неделниот референдум за независност на таа шпанска покраина, портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт, изјави дека неговата улога не е да ги оценува полициските акции во Шпанија.
Зајберт за медиумите во Берлин изјави дека улогата на секоја влада е да го поддржи демократскиот поредок, потсетувајќи дека шпанските власти одржувањето на референдумот претходно го прогласиле за неуставно.
Тој истакна дека Германија не настојува да посредува во спорот меѓу Мадрид и регионалната влада во Барселона.
Иако полицијата доби наредба да се воздржи од примена на сила, повредени се повеќе од 80 поддржувачи на референдумот. Шпанските државни власти наведуваат дека во судирите се повредени повеќе од 400 полицајци.