Ayhan Şimşek
08 Јануари 2023•Ажурирај: 10 Јануари 2023
Германската полиција приведе ирански државјанин под сомнение дека планирал хемиски терористички напад, соопштија властите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
32-годишниот маж е приведен во западниот град Кастроп-Рауксел, откако специјалните полициски сили упаднале во неговиот дом.
„Обвинетиот е осомничен дека подготвил сериозен чин на насилство“, соопшти Обвинителството во Диселдорф во соопштението за медиумите.
Во ова соопштение се вели дека тој набавил токсични хемикалии како што се рицин и цијанид за да изврши верски мотивиран напад.
Полициски службеници и вештаци облечени во заштитна облека извршиле претрес во домот на осомничениот за да најдат докази.
„Потрагата служи за пронаоѓање на соодветни токсини и други докази. Обвинетиот и уште едно лице се приведени, обезбедени се докази и се врши евалуација“, соопштија од Обвинителството.
Полициската операција била спроведена по дојава од разузнавачката служба на пријателска земја, пишува весникот „Билд“.