Fatma Esma Arslan
08 Јануари 2023•Ажурирај: 09 Јануари 2023
Во сообраќајната несреќа што се случи во југозападниот дел на Сенегал смртно настрадаа 38 лица, додека 78 лица се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на Националната противпожарна служба на земјата, два автобуса во утринските часови се судриле во близина на градот Кафрин, што се наоѓа на далечина од 250 километри од сенегалскиот главен град Дакар.
Се истакнува дека според првичните сознанија во несреќата загинале 38 лица, додека повредени се 78 лица.
Претседателот на државата, Маки Сал, преку социјалните мрежи упати сочувство до семејствата на загинатите.
Сал нагласи дека почнувајќи од 9 јануари, во земјата е прогласена тридневна жалост за жртвите во несреќата.