Cüneyt Karadağ
01 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
БЕРЛИН (АА) - Вчера, во германскиот град Келн се одржа Демократскиот митинг против обидот за државен удар во Турција. Германскиот новинар Кристијан Ратх го критикуваше попречувањето на телеконференциската врска преку која претседателот на Турција требаше да им се обрати на учесниците на митингот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Доколку Едвард Сноуден или претседателот на САД, Барак Обама посакаше да оствари конекција во живо, тоа е нивно право. За турскиот претседател Ердоган не треба да важи друго правило“, рече Ратх.
Кристијан Ратх давајќи проценка за самиот настан, во весникот „Дие тагесцајтунг“, истакна дека државата не може да влијае на содржината на демонстрациите сѐ додека се почитува законот.
„Полицијата на Келн, освен сомневањето дека Ердоган во своето обраќање планира да даде изјава исполнета со насилство и заплашување, не поднесе никаков доказ. Жалбата за укинување на забраната требаше да биде успешна“.
За забраната којашто ја оневозможи видеоврската и обраќањето на турскиот претседател Ердоган пред демонстрантите во Келн, за мешањето во карактерот на демонстрациите, Ратх рече:
„Самите организатори одредуваат како ќе бидат организирани демонстрациите, нивната содржина и текот, дали ќе бидат присутни говорниците на демонстрациите или не, нивно поврзување во живо преку сателитска врска. Доколку Едвард Сноуден или претседателот на САД, Барак Обама сакаше да направи средба преку видео-врска, тоа е нивно право. За турскиот претседател не треба да важи друго правило“.
Покрај тоа, Ратх истакна дека на германските демонстранти од турско потекло, на еден симболичен начин, не им биле заштитени нивните законски права.
„Една правна држава во вака тензично време потребно е да ја презентира својата неутрална сила“.
За оневозможувањето од страна на Германија за воспоставување телеконференциска врска на претседателот на Турција, Ердоган, Ратх истакна дека во 2011 година му било дозволено на лидерот на ПКК, Мурат Карајилан да воспостави телеконференциска врска со Германија. Исто така, во градот Келн, на еден настан на кој учество земале и други членови на ПКК, лидерот Карајилан со посредство на телевизијата во сопственост на организацијата, им се обратил на учесниците.