Ayhan Şimşek
31 Мај 2024•Ажурирај: 02 Јуни 2024
БЕРЛИН (АА) - Украина може да го користи германското оружје да гаѓа цели на руска територија за да го одбрани Харков, потврди денес владиниот портпарол, јавува Анадолу.
Портпаролот на канцеларот Олаф Шолц рече дека Германија и нејзините сојузници континуирано ја приспособуваат својата воена поддршка за Украина во согласност со случувањата на бојното поле.
„Во последниве недели Русија подготви, координираше и изврши напади врз Харковската Област, особено од директно соседниот руски пограничен регион“, истакна Штефен Хебестрајт.
„Заедно сме убедени дека Украина има право според меѓународното право да се брани од овие напади. За оваа цел таа може да го користи и оружјето доставено за оваа намена, вклучително и она доставено од нас, во согласност со нејзините меѓународни правни обврски“, додаде тој.