Davit Kachkachishvili
10 Јуни 2022•Ажурирај: 12 Јуни 2022
ХАРКОВ (АА) - Случувањата на линијата на фронтот, каде што се одвиваат жестоки судири меѓу руско-украинските сили во подрачјето на Харков, вториот по големина град во Украина, се снимени од екипата на Агенција Анадолија (AA).
Често се слушаат експлозии на фронтот, кој се наоѓа на приближно 30 километри од Харков и е место на судири каде што двете страни користат минофрлачи и беспилотни летала.
Линијата на фронтот е жариште на конфликтите меѓу Руските и Украинските вооружени сили од почетокот на војната на 24 февруари. Двете страни на линијата користат минофрлачи.

Украинските војници се наоѓаат во специјални засолништа поради зголемување на температурите во регионот. Тие продолжуваат со својата 24-часовна стража.
Повеќето од семејствата ги напуштија домовите во селата во регионот каде што се крева чад како последица на експлозиите. Останатиот мал број стари лица кои немаат можност да си одат, се занимаваат со секојдневните работи.

Во последно време руските сили речиси секојдневно извршуваат ракетни напади во градот Харков.
- Борбите не се водат со близок контакт, повеќе се користат минофрлачи -
Украинскиот војник Роман (49), кој се наоѓаше во засолниште на фронтот заедно со други војници и не сакаше да го каже своето презиме, истакна дека војната во регионот продолжува претежно со артилериски напади.

Роман рече дека судирите во регионот продолжуваат без прекин, а се користат хеликоптери и беспилотни летала.
Војникот Александар Залезнијак, наведувајќи дека судирите продолжуваат 24 часа, рече дека поради тоа со месеци ги нема видено сопругата и децата.