Islam Uddin
12 Декември 2023•Ажурирај: 14 Декември 2023
АНКАРА (АА) - Најмалку две лица загинаа во авионската несреќа што се случи во северниот дел на Нов Јужен Велс во Австралија, соопшти полицијата денес, пренесува Анадолу.
Авионот удрил во далновод на околу 25 километри западно од градот Графтон.
„Се верува дека загинале две лица во леталото. Полицијата работи на идентификација на патниците во авионот“, се вели во соопштението на полицијата на Нов Јужен Велс.
Во соопштението се додава дека полицијата соработува со воздухопловните власти за откривање на причините за несреќата.