Büşra Nur Bilgiç
29 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
АНКАРА (АА) - Откако британските пратеници повторно го отфрлија Договорот за повлекување од ЕУ, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, повика да се одржи состанок на лидерите на ЕУ два дена пред новиот датум за излез, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со оглед на отфрлањето на Договорот за повлекување од страна на Долниот дом на Парламентот, одлучив да свикам Европски самит на 10 април“, напиша Туск на Твитер.
Британскиот парламент денес со 344 гласа „против“ и 286 „за“, по трет пат го отфрли Договорот за повлекување од ЕУ.
Британските пратеници во средата не успеаја да поддржат ниту една од осумте опции што беа изнесени како алтернативи на договорот за Брегзит на премиерката Тереза Меј, продлабочувајќи го хаосот околу заминувањето на земјата од ЕУ.