Qays Abu Samra,Safiye Karabacak
29 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
РАМАЛА (АА) - Израелската власт им забрани на Палестинците во израелските затвори да клањаат џума-намаз, муслиманска петочна молитва, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинската организација на затвореници соопшти дека израелската Управа на затвори денес донела одлука со која на сите палестински затвореници им се забранува да ја извршуваат оваа молитва.
Не се дадени информации за тоа на колкав временски период се однесува оваа забрана.
Според податоците на Унијата на семејствата на палестинските затвореници, израелските сили минатата година од слобода лишија најмалку 1.600 Палестинци. Во извештајот на организацијата се наведува дека четвртина од приведените се малолетници, а дека меѓу нив има и најмалку 30 деца на возраст под 14 години.
Според податоците на палестинските институции, во израелските затвори во моментот се наоѓаат најмалку 6.000 Палестинци, вклучувајќи и 270 малолетници.