Ekip
30 Март 2019•Ажурирај: 30 Март 2019
ЊУЈОРК (AA) - Актерката и хуманитарката Анџелина Џоли учествуваше на седницата на Обединетите нации во Њујрок, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот, на кој присуствуваа бројни експерти за изградба на мирот и безбедноста, разговарано е за начините на сочувувањето на мирот во светот.
Познатата актерка на состанокот учествуваше во улога на специјален пратеник на високиот комесар за бегалци на ОН.
Пред почетокот на состанокот Џоли во зградата на ОН ја дочекаа претставниците на оваа меѓународна организација.
Американската актерка често учествува во кампањи со цел придонес на мирот и безбедноста во светот, а неодамна изјави дека ситуацијата во врска со мирот во светот е длабоко загрижувачка.