Евакуација во Австралија поради брзо ширење на пожари
- На гаснење на пожарот ангажирани се околу 400 пожарникари со повеќе од 100 цистерни и 25 канадери.
Анкара
Властите во австралиската југоисточна држава Викторија издадоа наредби за евакуација на населението по ширењето на пожарот во регионот Грампијанс, јавуваат локалните медиуми, известува Анадолу.
Полицијата ги известила локалните заедници во западна Викторија за заканата и го повикала населението веднаш да ги напуштат своите домови, бидејќи пожарот во регионот Грампијанс се зголемил за повеќе од три пати во период од 24 часа, објави денес Еј-би-си Њус.
Полицијата, исто така, побарала од туристите да го избегнуваат подрачјето.
Полицијата ги повика луѓето во Белфилд, Флет Рок Кросинг, Фајанс Крик и Холс Гап веднаш да се евакуираат.
Во пожарот изгореа повеќе од 30.000 хектари земја.
Околу 400 пожарникари работат на гаснење на пожарот со повеќе од 100 цистерни и 25 канадери.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.