Kemal Karadağ
09 Октомври 2020•Ажурирај: 11 Октомври 2020
АНКАРА
- Кемал КАРАДАГ
Европскиот суд за човекови права (ECHR) отфрли шест барања поврзани со наводни кршења на правата на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Станува збор за жалби во кои се наведува дека Ѓулен е дискриминиран откако судовите ги оценија за неосновани обвиненијата во врска со пишувањата за него во 2015 година и дека Уставниот суд не го дал потребното образложение во однос на неговите поединечни пријави за истото прашање.
Терористичкиот водач Ѓулен преку својот адвокат се обрати до Европскиот суд за човекови права, тврдејќи дека му е повредено правото на фер судење, откако судот во Турција го отфрли како неосновано неговото барање во врска со текстовите во некои весници за него и за таа организација во 2015 година.
Исто така, Ѓулен тврдеше дека е повредено неговото право на фер судење затоа што Уставниот суд на Турција не ги изнесе потребните образложенија за неоснованоста на барањата, со што, како што наведе тој, е дискриминиран.
Европскиот суд, жалбата која се однесува на наводите дека неговото право на праведно судење е повредено со отфрлањето на жалбата на судовите, ја разгледа во рамките на правото за заштита на приватниот живот.
Исто така, Европскиот суд ги разгледа одлуките на Уставниот суд на Турција и заклучи дека Ѓулен не поднел тужба за отштета или кривична пријава во врска со споменатите текстови за него.
- Надоместокот и Кривичниот закон на Турција пружаат доволна заштита
Европскиот суд за човекови права утврди дека правото на отштета и Кривичниот закон на Турција пружаат доволно гаранција за заштита на личните права на подносителот на жалба, но дека подносителот не ги искористил сите правни лекови во врска со текстовите кои содржат сериозни тврдења против него, и дека овој дел од жалбата се смета за неприфатлив бидејќи не се неисцрпени сите домашни правни средства.
Во одлуката на Европскиот суд се наведува дека одлуката на Уставниот суд во поединечните пријави исто така не е неоснована и отфрли дел од жалбите за ова прашање.
Европскиот суд исто така утврди дека и тврдењата дека судовите во Турција не биле непристрасни и независни кон него се очигледно неосновани, а жалбата на Ѓулен дека бил дискриминиран во постапките кои се предмет на пријавата и дека не му е пружен ефикасен правен лек, исто така е оценето како неприфатливо бидејќи не се исцрпени сите расположливи домашни правни средства.