Özüm Yalkın
20 Мај 2016•Ажурирај: 21 Мај 2016
ЛОНДОН (АА) - Новинарот Ибрахим Хелал кој во Египет е осуден на смрттна казна под обвинение за наводна шпионажа, вели дека обвинувањата се неосновани, јавува Anadolu Agency (AA).
„Големо фијаско е случајот со кој сакаат да ме казнат мене и Ал Џезеира“ , изјави Хелал во разговор за АА, раскажувајќи ја својата приказна.
Под обвинение дека ги споделил тајните на египетската држава со Катар и Муслиманските браќа, Ибрахим Хелал вработен во Ал Џезеира, е еден од шесторицата кои се притворени овој месец.
Во разговорот за АА, тој изјави: „Јас сум еден од обвинетите за проток на доверливи документи на претседателството на Египет кон катарската разузнавачка служба. Обвинет сум дека протокот на доверливи документи од Египет кон Катар сум го направил за пари.“
Зборувајќи во врска со обвинувањата нод страна на египетските обвинители и наводно обезбедување на информации од катарските власти на кои не им е познат идентитетот, Хелал рече дека обвинувањата се неосновани дека се фикција.
„Случајот е монтирано фијаско со кој траба да бидам казнет за мојот обид на објективен начин да ja прикажам состојбата во Ал Џезеира и во Египет.“
Хелал истакна дека нема право на жалба за смртната казна која му беше изречена во отсуство, но дека останатите притворени во Египет ќе поднесат жалба на одлуката.
- „Стапуваме во контакт со меѓународни организации“
На прашањето за следните чекори, Ибрахим Хелал соопшти дека како вработен во Ал Џезеира, започнато е воспоставување на контакти со неколку меѓународни организации, како што се Human Rights Watch, Меѓународниот институт за печат со седиште во Виена, Комитетот за заштита на новинарите во САД и додаде дека од овие организации добил позитивни повратни информации.