Hasan Esen
01 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
ЛОНДОН (АА) - Пред британскиот Парламент е приведено лице кое истурајќи бензин врз себе, сакало да се самозапали, јавува Anadolu Agency (AA).
Настанот се случил во 10:45 часот по локално време (11:45 по централноевропско време) во главниот град Лондон, во близина на капијата преку која со возила се влегува во британскиот Парламент.
Според изјавата на очевидците, црнец на 20-годишна возраст со шише во рака, врз себе истурил некаква течност. Лицето во другата рака држело запалка, но полицијата бргу интервенирала со апарат за гасење пожар.
Парламентарецот Хув Меримен преку својот профил на социјалните мрежи објавил дека видел како едно лице на себе истурило течност која мирисала како бензин.
Портпарол на полицијата соопшти дека едно лице на себе истурило течност за која се сметало дека е запалива, информирајќи дека во настанот никој не е повреден.
Портпаролот навел дека протестот не бил политички, туку дека настанот претставувал реакција на казна за паркирање.
За време на настанот, еден дел од просторот пред Парламентот бил затворен за пешаци и сообраќај. Лицето, чиј идентитет не се соопштува, со лисици на рацете е однесено со возило на Брзата помош.