Gözde Bayar
12 Јули 2024•Ажурирај: 14 Јули 2024
АНКАРА (АА) – Едногодишно бебе преживеа два дена во ендек покрај автопат во американската јужна сојузна држава Луизијана пред возач на камион да го забележи, на само неколку километри од местото каде што е пронајдено телото на неговото четиригодишно братче, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
„Едногодишното дете имаше бројни каснувања од инсекти, но инаку изгледаше дека е во добра состојба“, истакна Гери Стич Гилори, шерифот на Калкасу.
„Гледавме во ова едногодишно дете како на наше бебе - чудо бидејќи сè уште беше живо. Неверојатно“, изјави Гилгори за „Ен-би-си њуз“.
„Ова дете помина два дена надвор, на овие временски услови покрај автопатот. Фала му на Бога што го забележа камионџија“, додаде тој.
Тоа е пренесено на евалуација во болница и ќе биде преземено од службите за заштита на децата.
Бебето е пронајдено живо откако возач на камион го забележал како ползи покрај Интерстејт 10, неколку милји подалеку од местото каде што е пронајдено неговото братче (4) во водата зад постојката за одмор во Калкасу.
Мајката на двете деца, Алија Н. Џек, е приведена на железничка станица во Мисисипи „обидувајќи се да излезе од градот“, изјави Гилгори на прес-конференцијата.
Четиригодишното дете последен пат било видено со својот помал брат и неговата мајка, соопштија властите.
Имињата на децата не се објавени. Причината за смртта на четиригодишното дете не е утврдена.