Emel Öz Gözellik
18 Февруари 2019•Ажурирај: 19 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Од почетокот на годината досега, во Индија од свински грип починаа 332 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во индиските медиуми, Министерството за здравство на оваа земја соопшти дека во последната недела, од свински грип починаа 20 лица, со што бројот на починати од почетокот на годината досега се искачи на 332 лица.
Вирусот Х1Н1 (H1N1), познат како свински грип, најголем број смртни случаи предизвика во индиската сојузна држава Раџастан, каде што оваа година се забележани 3.508 случаи, од кои 127 завршија со смрт.
Од почетокот на годината досега, на целата територија на Индија се забележани 9.367 случаи на свински грип.
Панџаб, Мадја Прадеш и Махараштра се други сојузни држави во Индија во кои епидемијата е најраспространета.