Sefa Mutlu
12 Јануари 2020•Ажурирај: 13 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Одделот за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател соопштено е дека Ердоган и Меркел разговараа телефонски.
Разговараа за случувањата во Либија, но и за други регионални теми.
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Русија, Владимир Путин, на 7 јануари ги повикаа завојуваните сили во Либија од 12 јануари да запрат со непријателствата и да покренат политички дијалог.
Силите лојални на Хафтар го прифатија повикот на лидерите на Турција и Русија за прекин на огнот кој настапи синоќа на полноќ по локално време.
Гласноговорникот на силите лојални на Хафтар, Ахмед ал Мисмари, потврди во видеопорака дека го прифатија повикот за прекин на огнот во операциите на западот на земјата. Во случај другата страна да го наруши овој договор, Мисмари порача дека на тоа жестоко ќе одговори.