Mümin Altaş
12 Мај 2021•Ажурирај: 19 Мај 2021
АНКАРА
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, разговараше со рускиот колега, Владимир Путин, за случувањата во Палестина и за испораката на вакцината „Спутник ве“ во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател е соопштено дека Ердоган истакнал оти Турција го покажала најостриот став наспроти безобѕирните напади што Израел ги извршува врз Кудс, Газа, Ал-Акса и Палестинците и дека меѓународната заедница треба да му одржи лекција на Израел.
Ердоган го оцени како важно соопштението на руското Министерство за надворешни работи, кое укажа на неопходноста од ангажманот на ОН и решавањето на блискоисточното прашање врз основа на две држави и додаде дека важна е пораката и тоа Турција и Русија да покажат дека се согласни за случувањата во Кудс.
Турскиот претседател во разговорот со Путин понатаму порача дека Советот за безбедност на ОН треба да реагира и да испрати јасни пораки до Израел да ги запре нападите пред кризата додатно да се зголеми.
Тој понатаму ја истакна неопходноста од занимавањето со идејата за праќање на меѓународните сили за заштита на палестинските цивили и изрази уверување дека Турција и Русија блиску ќе соработуваат на тие теми во ОН.
Рускиот претседател Путин упати бајрамска честитка до турскиот народ.