Emre Gürkan Abay
25 Февруари 2021•Ажурирај: 26 Февруари 2021
ЕРЕВАН
Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, соопшти дека од функција го разрешил Началникот на Генералштабот на ерменската Армија, Оник Хаспарјан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По апелите упатени за неговата оставка, Пашинјан одржа обраќање кое беше емитувано ви живо преку социјалната мрежа Фејсбук.
Ерменскиот премиер во обраќањето ги повика своите поддржувачи да излегуваат на улици.
„Треба да ја браниме револуцијата. Се наоѓаме во многу тешка состојба. Донесов одлука да го разрешам Началникот на Генералштабот. Сега најважната задача е да се штити власта на цивилите и на народот“, рече Пашинјан.
Тој нагласи дека ја презема одговорноста за поразот на Ерменија во врска со Нагорно Карабах.
„Народот има некои прашања кон некои високи воени претставници и не може да се бега од овие прашања“, додаде ерменскиот премиер.