Emre Aytekin
03 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
ТОКИО (АА) - Ерупитира вулканот Шиндаке на јапонскиот остров Кучиноерабуџима, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Метеоролошкиот завод на Јапонија соопшти дека е подготвена евакуацијата на речиси 100 жители на тој мал остров. Јапонската новинска агенција „Кјодо“ јавува дека вулканскиот чад и пепелта достигнале висина од 7.000 метри, а дека краковите на вулканската лава достигнуваат до 900 метри од вулканот.
Вулканот Шиндаке мируваше речиси три децении, а потоа еруптира во јануари минатата година. Сместен е на островот кој се наоѓа 130 километри јужно од градот Кагошима и 160 километри јужно од нуклеарната електрана „Сендаи“.