Mehmet Burak Karacaoğlu,Eşref Musa,Ömer Koparan
03 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
ИДЛИБ (АА) – Во Сирија, како резултат на интензивните напади на режимот на Асад и неговите поддржувачи, во изминатата недела 151 илјада цивили ги напуштија своите домови и се раселија во близина на границата на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од ноември 2019 година, кога нападите на режимот се засилија, бројот на раселените лица достигна до 692 илјади.
Шефот на Координацијата за дејствување во Сирија, Мухамед Халај, во изјавата за АА рече дека миграцијата од областите Ериха, Серакиб и Џебел Завије во Идлиб се зголемува.
Како резултат на нападите на армијата на Асад, терористичките групи поддржани од Иран и на Русија, во изминатата недела беа раселени 151 илјада цивили.
Поголемиот дел од раселените лица се засолнија во камповите кои се наоѓаат во близина на границата со Турција, додека еден дел од нив во областите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, кои Турција ги ослободи од теророт.
Од ноември 2019 година, 692 илјади цивили се раселени од населените места на југот и југоистокот на Идлиб и западните и јужните рурални области на Алепо.
Од друга страна, иселувањето продолжува и од регионите кои се наоѓаат во западните и јужниот дел на Алепо како што се Дарет Изе, Етариб, Хирејтан, Хајан, Анадан и Ајнџара.
Илјадници цивили не можат да најдат засолниште заради пополнувањето на камповите во Идлиб, немањето инфраструктура за поставување нови шатори и намалувањето на помошта.
Илјадници семејства бездомници кои немаат ни основни потреби за живот, чекаат помош.
На состанокот во Астана од 4-5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран се договорија за четири деескалациски зони во Идлиб и во соседните провинции (Латакија, Хама и Алепо).
Но, режимот и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија ја зазедоа контролата врз овие деескалациски зони, со исклучок на Идлиб.
Исто така, нападите продолжија извесно време и по Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година од страна на Русија и Турција.
Русија, режимот, како и терористите поддржани од Иран кои изведуваат напади во деескалациската зона во Идлиб, само од почетокот на 2019 година досега се причина за раселувањето на околу 1 милион и 300 илјади цивили кон местата во близина на границата со Турција.
Над 1.800 цивили загинаа како резултат на бомбардирањата.