Tufan Aktaş
13 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
АДИС АБЕБА (АА) - Во Адис Абеба, главниот град на Етиопија, свлечиште од смет и земјиште урна 15 куќи. Бројот на загинатите во несреќата се искачи на 46 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Раководителот на Секторот за комуникации на градот Адис Абеба, Дагмавит Могес, за АА изјави дека во свлечиштето од депонија за смет, животот го загубиле 46 лица, од кои 32 се жени.
Могес истакна дека е започната евакуацијата на жителите од околината во други подрачја, со цел да не се случи слична несреќа.
Претставниците на службата за спречување на пожари и итни случаи на Адис Абеба соопштија дека продолжуваат операциите за пронаоѓање и спасување на преживаните во подрачјето на свлечиштето, каде што беа урнати 15 куќи.
Се дознава дека и претходно се случувале мали свлечишта во подрачјето Коше, каде што секојдневно работат стотици собирачи на смет и старинари. Адиса Абеба, град со 4 милиони жители, веќе 50 години го исфрла градскиот смет на оваа депонија.