Ahmed Kasım, İbrahim Salih,Zeynep Hilal Karyağdı
12 Јануари 2017•Ажурирај: 13 Јануари 2017
МОСУЛ (АА) - Во ракетен напад на припадниците на терористичката организација ДЕАШ врз населените подрачја во ирачкиот град Мосул загина 11-члено семејство, јавува Anadolu Agency (AA).
Лекарот Џемал Халид за АА изјави дека вчера во утринските часови, терористите на ДЕАШ извршиле напад во местото Ед-Дубат во Мосул.
Тој истакна дека една од ракетите ја погодила куќата, при што загинало 11-членото семејство. Меѓу жртвите има жени и деца.
Лекарот нагласи дека милитантите на ДЕАШ вршат напади врз цивилите за на тој начин да нанесат удар на безбедносните сили кои се борат против нив.
На крајот, Халид истакна дека лекарските екипи прават сѐ што можат за да им помогнат на големиот број ранети лица.
Акцијата за ослободување на ирачкиот град Мосул од припадниците на ДЕАШ започна на 17 октомври 2016 година.