Muhammed Bilal Kenasari
12 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Рекс Тилерсон, кандидатот за државен секретар во американската администрација на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, вчера изјави дека САД мораат повторно да соработуваат со Турција во врска со Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Мораме повторно да соработуваме со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во врска со сириското прашање. Турција е наш стар НАТО сојузник“, изјави Тилерсон, одговарајќи на прашањата на сенаторот во врска со надворешата политика на САД.
Тој нагласи дека САД мораат повторно да соработуваат со, како што рече тој, сојузниците и пријателите на Блискиот Исток за повторно да играат важна улога во тој регион.
„Треба да им покажеме дека се вративме и да им објасниме дека имаме план. Од позицијата во која се наоѓаме моментално, не можеме да сториме ништо“, рече Тилерсон.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во декември објави дека за државен секретар ќе го постави Рекс Тилерсон, извршниот директор на „ЕксонМобил“.