Meryem Göktaş
20 Јули 2017•Ажурирај: 20 Јули 2017
РАМАЛАХ/ГАЗА (AA) - Израелската војска рани девет Палестинци и притвори четири лица вчера во текот на протестите против новите израелски безбедносни мерки околу џамијата Ал Акса со кои се ограничува влезот на верниците, јавува Anadolu Agency (AA).
Сведоците велат дека стотици Палестини протестираа поради ограничувањето на контролниот пункт Каландиа кој го разделува Ерусалим од Рамалах
Израелската војска корисеше ковенционални куршуми, пластична муниција и солзавец за да ги избрка демонстрантите кои бараат остранување на детекторите од метал на една од најважните муслимански локации.
Исмаил Ханијех, политички лидер на Хамас, вчера упати апел до муслиманските и аралските земји да организираат вонреден самит поради израелското насилство над Ал Акса.
„Ги повикувам сите муслимани да преземат итна акција за Ал-Акса, чија светост и положба се изложени на вистинска опасност и ги повикувам лидерите на арапските и муслиманските земји да организираат вонреден самит за да ја исполнат својата обврска", истакна во соопштението Ханијех.
Тој исто така го повика муслиманскиот свет на општа мобилизација во петок против израелското насилство.
Во посебен протест, претпријатието кое ја води Ал-Акса, а со кое раководи Владата на Јордан, одлучија во петок да ги затворат сите џамии в источен Ерусалим и ги повикаа верниците на молитва пред портите на Ал-Акса за да на тој начин се спротистават на детекторите од метал кои ги користат израелските безбедносни сили.
Протестите почнаа во недела откако раководството на џамијата ги повика чуварите да ги бојкотираат новите детектори од метал поставени во улиците кои водат кон комплексот Ал-Акса, по смртоносното пукање минатата седмица.
Новите мерки на безбедност доведоа до бранови на незадоволство на Палестинците, кои бараат итно остранување на детекторите од метал. Израел го брани контроверзниот потег тврдејќи дека тие безбедносни мерки не се разликуваат од оние во другите свети места ширум светот.