Ali H. M.Abo Rezeg
28 Декември 2017•Ажурирај: 29 Декември 2017
НАБЛУС (АА) - Еврејски доселеници утринава нападнаа палестинско училиште на Западниот Брег, кој е под опсада на израелската окупација, ги нападнале и учениците и наставниците, јавува Anadolu Agency (AA).
Гасан Дахлас, службеник на Палестинската управа задолжен за следење на ширењето на израелските населби во северниот дел на Западниот Брег, за АА изјави дека петнаесетина еврејски доселеници го нападнале училиштето Бурин во Наблус. Притоа ги нападнале учениците и ги оштетиле автомобилите на наставниците.
Тој додаде дека инцидентот довел до судири меѓу палестинските ученици и доселениците, по што интервенирала израелската војска.
Според зборовите на Дахлас, израелските трупи користеле гумени куршуми и солзавец за да ги растераат палестинските ученици и наставници.
Околу 40.000 еврејски доселеници живеат во близина на палестинскиот град Наблус во 39 населби, од кои повремено вршат напади врз Палестинците и нивниот имот, истакна Дахлас.