Ahmet Gürhan Kartal
17 Јули 2017•Ажурирај: 18 Јули 2017
ЛОНДОН (AA) – Делегациите на Европската Унија и на Велика Британија денес се состанаа во Брисел, а шефот на европската делегација, Мишел Барние, истакна дека е време да се почне со преговори со конкретни предлози врзани за излегувањето на Велика Британија од Унијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Вториот состанок на делегациите на Брисел и Лондон би требало да трае до четврток, а Барние рече дека во текот на на преговорите ќе влезе во сржта на прашањето.
„Мораме да ги разгледаме и да ги споредиме сите предлози за да бидеме во можност добро да напредуваме во преговарачкиот процес за Брегзит“, рече Барниер.
Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Девис, рече дека во оваа фаза од преговорите ќе биде разговарано за правата на граѓаните, финансиите, прашањата за излез на Британија од членството во ЕУ и прашањето за статусот и односот со Северна Ирска.
„Сега ни е важно да направиме напредок во откривањето на сличностите и разликите во нашите ставови за да можеме да дојдеме до договор“, рече Девис.
Првата рунда од преговорите се одржа на 19. јуни, точно една година откако Британците со мнозинство гласови на референдум изгласаа излегување од Европската Унија.
Дејвис ја оцени првата рунда како успешен почеток и рече дека се надева оти и денес започнатата рунда ќе биде таква.
Некои од главните прашања за коишто официјален Брисел и Лондон мораат да постигнат договор се статусот и правата на Британците во земјите на Унијата, како и правата на државјаните на членките во Велика Британија откако таа веќе нема да биде членка на Унијата.
Одговорите и прашањата за статусот на идната ирска граница и износот што Велика Британија мора да го плати за излегување од Унијата ќе мора да бидат познати пред делегациите да почнат да преговараат за идните економски и други односи меѓу ЕУ и Велика Британија.
Моментално, во Велика Британија живеат и работат околу 3,2 милиони државјани на членката на Европската Унија, додека во земјите на Унијата живеат и работат милион Британци.
Велика Британија би требало да ја напушти ЕУ по двегодишни преговори, односно најдоцна до крајот на март 2019 година. Доколку не се постигне договор, целиот преговарачки процес би требало да биде повторен.