Hakan Çopur
17 Јули 2017•Ажурирај: 18 Јули 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Турците кои живеат во САД една година по обидот за државен удар во Турција отворија петиција за екстрадиција на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Петицијата насловена „Eкстрадираjте го Фетула Ѓулен на Турција“ е објавена на веб-сајтот на Белата куќа. Во описот се наведени информациите за тоа што се случи на 15 јули 2016 година и посочено е дека зад обидот за државен удар стои ФЕТО.
Во текстот се потсетува дека во обидот за државен удар беа убиени 249 луѓе, а 2.195 беа повредени.
Исто така, се наведува дека Турците кои живеат во САД, од тогаш вложуваат напори за екстрадиција на Ѓулен на Турција и веруваат дека американската администрација што поскоро ќе го предаде.
До петицијата може да се пристапи и преку адресата „petitions.whitehouse.gov“.